Самитот на НАТО во Хаг, покрај тоа што потврди дека членовите имаат намера да издвојат дополнителни средства за одбрана, понуди и прилично напната атмосфера меѓу Доналд Трамп и шпанскиот премиер Педро Санчез. За разлика од другите земји, шпанскиот премиер Педро Санчез испрати порака од овој самит дека Шпанија нема намера да издвојува пет проценти од БДП за одбрана и повтори дека ќе издвои 2,1 процент.
„Шпанија е голем проблем. Ќе мора да платат повеќе пари. Таа е единствената земја што сака да остане на два проценти, а нејзината економија се развива многу добро. Сепак, таа економија може да биде уништена ако се случи нешто лошо. Не знам во што е проблемот. Ќе преговараме за трговски договор со Шпанија. Ќе ги натераме да плаќаат двојно“, рече Трамп.
Педро Санчез одговори на овие критики. Прво на сите, тој избегна контакт со американскиот претседател за време на самитот, а на прес-конференција рече дека Шпанија може да биде само решение, а не проблем.
„Не е важно колку се троши, туку тоа да се прилагоди на можностите на секоја земја и дека можеме да ја исполниме целта од 2,1 процент. Ние сме сериозна земја која ги исполнува своите обврски“, рече Санчез.