Според судските документи, тој тврдел дека жртвата „можеби почувствувала вознемиреност и навреденост, како и нарушување во нејзината зона на удобност, но никогаш не постоел јасен ризик по нејзиниот сексуален интегритет“.
Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил на јавно место, во близина на полициска станица и среде бел ден.
Неговиот правен тим изјавил дека неговите постапки преставуваат помало кривино дело на вознемирување од сексуална природа на јавно место.
Меѓутоа, Врховниот суд утврдил дека средбата надминала едноставно вознемирување, наведувајќи дека постоела „јасна сексуална компонента бидејќи дури ѝ ја бакнал раката“.
Судот додава дека не може да се толериан една жена „да биде изложена на маж кој може да ѝ ја бакнаува раката без нејзина согласност кога постои јасна и очигледна сексуална конотација“.
Двајца студии гласале проптив, а изјавиле дека сметаат дека инцидентот не бил случај на сексуален напад.
„Бакнеж или два во раката се смета за поздрав во нашата култура кој сега е застарен“, изјавиле тие, според судските документи, додавајќи дека „заедно бакнувањето во образ или ракувањето, тоа не се чинови на сексуална природа“.
Прашањето на согласност во последните години е во центарот на интензивни дебати во Шпанија.
Законот воведен во 2022 година, познат како „Само да значи да“ утврди дека е потребна согласност и ја елиминира потребата од докажување дека имало насилство или заплашување за средбата да се смета за сексуален напад.
Во текот на 2023 година, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес, предизвика голема контроверза кога ја прослави победата на женскиот тим во финалето на Светското првенство така што ја бакна спортистката Џени Ермосо во уста.
Тој изјави дека бакнежот бил со согласност, што таа негираше.
Случајот стаса на суд во 2025 година и Рубијалес беше прогласен за виновен за сексуален напад и казнет со парична казна.












