
Англискиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Хари Кејн, е најновата желба на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона. Челниците на актуелниот шампион на Шпанија се убедени дека искусниот играч ќе побара да биде продаден на крајот од актуелната сезона и затоа се подготвени да понудат околу 40 мил. евра за неговото обештетување.