Шпански тинејџер под истрага за лажирање голи слики од соученички

47

Шпанската полиција соопшти дека истражува 17-годишник под сомнение дека користел вештачка интелигенција за лажирање голи слики од девојки од неговиот клас за продажба преку интернет. Шеснаесет млади жени во образовна институција во Валенсија, во југоисточна Шпанија, се пожалиле на сликите создадени од вештачка интелигенција, кои циркулирале на социјалните медиуми и на интернет, пренесе „Хина“.

Во декември, тинејџерката контактирала со полицијата откако лажен профил на социјалните мрежи под нејзино име објавил видеа и лажни фотографии на кои ја прикажува „целосно гола“.

„Фотографии од разни луѓе, сите малолетни, се појавиле на овој профил. Сите овие фотографии биле изменети од оригиналите и манипулирани така што луѓето на нив изгледале како да се целосно голи“, соопшти полицијата.

Шпанската влада објави во март дека ќе предложи закон со кој ваквите лажни слики создадени од вештачка интелигенција без согласност ќе бидат кривично дело, но законот сè уште не е усвоен од парламентот.

Во септември 2023 година, шпанската нација беше шокирана кога 15 малолетници во регионот Екстремадура во југозападна Шпанија беа под истрага за користење на вештачка интелигенција за креирање лажни голи слики од нивните соученици. Подоцна им беа изречени условни казни во траење од една година.

ИЗДВОЕНИ