Шпанската влада потврди дека немало кибернапад на електричната мрежа за време на масовниот прекин на електрична енергија

15
Шпанската влада соопшти денеска дека не се откриени докази за кибернапад на шпанската електроенергетсска мрежа по масовниот прекин на струјата на 28 април и додаде дека прекинот на струјата почнал низа инциденти на југозападот на земјата.
„По анализата на сите релеванти податоци, не се пронајдени докази дека системскиот оператор бил жртва на кибернапад“, изјави министерката за еколошка транзиција Сара Агесен во парламентот и додаде дека владата продолжува да работио на „расветлување“ на причините на прекинот.

Директорот на шпанската електродистрибуција Едуардо Прието веќе ден по прекинот на струја рече дека теоријата за кибер напад е исклучена, бидејќи „не е откриен никаков упад’“ во контролните системи на компанијата.

Меѓутоа, социјалистичкиот премиер Педро Санчез потоа повика на претпазливост и рече дека „ниту една хипотеза не е исклучена“.

Минисерката Агесен во парламентот опширно зборуваше за низата случувања кои доведоа до прекинот на електрична енергија со големи размери, поради што и Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија неколку часа.

Според неа, две големи осцилации во работата на системот се откриени во период од 30 минути кои му претходеле на прекинот на струја. Потоа следеле дефекти на одредени трафостаници  во неколку подрачја во земјата.

ИЗДВОЕНИ