Шпанија повика на укинување на поместувањето на стрелките на часовникот од 2026

22
pixabay

Шпанија ќе побара од Европската унија трајно укинување на поместувањето на часовникот, оцени шпанската влада, нарекувајќи ја оваа практика „застарена“ и „штетна за здравјето“. Предлогот се очекува да биде официјално поднесен во 2026 година.

Според шпанските медиуми, владата во Мадрид ќе побара да се укине преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи претстојниот викенд. Властите сметаат дека двојното годишно менување на времето веќе не носи заштеда на енергија, а истовремено има негативни последици врз биолошкиот ритам и здравјето на луѓето, пренесе телевизијата RTVE.

Во видеообјава на платформата X, шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека „поместувањето на часовникот двапати годишно веќе нема никаква смисла“, додавајќи дека земјата ќе иницира постојано укинување на оваа практика во рамки на ЕУ.

„Во сите анкети што ги спроведовме, мнозинството Шпанци и Европејци се против поместувањето на часовникот. Научните податоци, исто така, покажуваат дека веќе не се постигнува заштеда на енергија, додека двапати годишно се нарушува биолошкиот ритам на луѓето“, нагласи Санчез.

Премиерот потсети дека уште пред шест години Европската унија изгласа укинување на сезонското менување на времето, по јавни консултации во кои учествуваа 4,6 милиони граѓани, од кои дури 84 отсто се изјаснија за прекин на оваа пракса.

ИЗДВОЕНИ