вторник, февруари 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Шпанија постави рекорд во туризмот: Во 2025 година ја посетиле 9.8 милиони...

Шпанија постави рекорд во туризмот: Во 2025 година ја посетиле 9.8 милиони луѓе

25
Фото:википедија

Рекордни 96,8 милиони луѓе ја посетија Шпанија во 2025 година, според податоците објавени денес од Националниот институт за статистика.

Бројот на странски туристи се зголеми за 3,2 проценти во споредба со 2024 година, кога имаше 94 милиони.

Шпанија е една од најпосетуваните дестинации во светот, при што туризмот учествува со 12,6 проценти во бруто домашниот производ.

Според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, Шпанија е на трето место меѓу земјите што заработуваат најмногу од туризмот, по Обединетото Кралство и Франција.

Приходите од странски посетители се зголемија за 6,8 проценти на 134,7 милијарди евра минатата година, во споредба со 126 милијарди евра во 2024 година, соопшти Министерството за туризам.

„Зголемувањето на бројот на туристи и нивната потрошувачка ја исполнува целта за трансформирање на туристичкиот модел во поодржлив, базиран на давање приоритет на квалитетот пред квантитетот“, се вели во соопштението на министерството.

Околу 20,1 милиони туристи пристигнаа во регионот Каталонија, што е за 0,6 проценти повеќе отколку во 2024 година. Следеа Медитеранските и Канарските Острови. Повеќето туристи дојдоа од Обединетото Кралство (19 милиони), Франција (12,7 милиони) и Германија (12 милиони).

Ова е трета рекордна година за Шпанија од 2019 година, годината пред пандемијата Ковид-19 да ги парализира меѓународните патувања и туризмот.

Како што туризмот се оживеа, тој изврши притисок врз сместувањето во Шпанија, особено во градските центри, каде што краткорочните изнајмувања станаа многу популарни. Ова често доведе до поплаки од локалното население кое смета дека е дискриминирано на пазарот на домување, бидејќи цените на становите се зголемија и многу луѓе не можат да си дозволат долгорочни изнајмувања, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ