Шпанскиот совет на министри ќе одобри план за итни случаи од 165 милиони евра за енклавата Сеута во Северна Африка во вторник.
Парите ќе бидат додадени на среднорочниот план за закрепнување од 180 милиони евра што го вети во Сеута првиот потпретседател Карлос Куерпо, соопштија извори од шпанската влада.
Според владини извори, 165 милиони евра ќе бидат издвоени за градот со 80.000 жители за ревитализација на локалната економија и зајакнување на јавните услуги, објавува весникот „Паис“.
Еквивалентот на таа сума за град со големина на Валенсија би бил 1,65 милијарди евра, а за Мадрид 7,2 милијарди.
Овие пари се наменети за итна вонредна состојба и се одвоени од таканаречениот план за Сеута од 180 милиони евра, за кој шпанскиот потпретседател за економски прашања, Карлос Куерпо, најави дека ќе биде проширен и моментално се преговара со здруженија на работодавачи, синдикати и претставници на различни сектори во градот.
Пакетот за помош што треба да се одобри за два дена ќе обезбеди 80 милиони евра за економијата на Сеута во следните четири месеци, што е еквивалентно на 4,1 процент од нејзиниот бруто домашен производ (БДП).
Владини извори изјавија дека 35 милиони евра ќе бидат доделени како директна помош за малите и средни претпријатија и самовработените, како и дополнителни 15 милиони евра за оживување на трговијата и туризмот, кои претрпеа значителен пад овој август, откако пораснаа до крајот на јули.
Над 70.000 мигранти влегоа во Сеута од Мароко на 30 и 31 јули, од кои повеќето се вратија, но илјадници нелегални мигранти останаа на улиците на градот, пренесе „Танјуг“.










