вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од железничката несреќа...

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од железничката несреќа во близина на Кордоба

33
Фото: EPA/GUARDIA CIVIL HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од железничката несреќа во која загинаа 45 лица, а повеќе од 150 беа повредени, изјави денес министерот за транспорт Оскар Пуенте.

Несреќата се случи на 18 јануари во близина на Кордоба и е најлошата железничка несреќа во Шпанија од 2013 година.

Семејствата на загинатите ќе добијат по 216.000 евра во рок од три месеци, во форма на даночни ослободувања и осигурителни исплати.

Жртвите не треба да чекаат со години за помош, рече Пуенте.

На повредените ќе им бидат исплатени помеѓу 2.400 и 84.000 евра, објави „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ