Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“. Со тоа, поранешниот тренер на Реал Мадрид го наследи новиот шеф на „кралскиот тим“, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години.
Шпанија доживеа вистински колапс на последното Европско првенство, каде што го заврши натпреварувањето уште во групната фаза.
Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ генерациска смена, пред сè поради заминувањето на некои важни играчи од тимот, па сега нејзиниот ‘рбет го сочинуваат помлади играчи.
Матео ѝ се приклучува на шпанската репрезентација по две сезони поминати во тимот на Реал Мадрид, со кој успеа да ја освои Евролигата.