Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денес ќе даде „голема изјава“ за Русија, рече тој за NBC News, но не понуди никакви конкретни детали.
„Ова е шоуто на Трамп“, рече дописникот на Скај њуз од САД, Марк Стоун.
„Тој контролира сè, ја менува насоката кога сака, па одеднаш може да одлучи да тргне по сосема поинаков пат кога станува збор за кој било предизвик.“
Познато е дека во последните недели, Трамп сè повеќе го изразува своето разочарување од одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да прифати прекин на огнот во Украина.
Претходно „Аксиос“, наведе дека Трамп планира да објави нов пакет воена помош за Украина.
Со оглед на тоа што холандскиот премиер Марк Руте и германскиот министер за одбрана денес се во Вашингтон, постои можност „големото соопштение“ да се однесува на договорот за испорака на оружје на Киев.
Во меѓувреме, предлог-закон што би можел да воведе нови санкции против Русија се наоѓа во Конгресот, а оваа недела доби дополнителна политичка поддршка.
Прашањето е дали американскиот претседател ќе го поддржи и тој предлог.