Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс му ја донесе првата титула на Париз во француското првенство откако славеа во „мајсторката“ против Монако со 99:93, на петтиот натпревар од финалето на плејофот.

Со тоа, екипата на Тијаго Сплитер на прекрасен начин ја круниса историската сезона, во која, покрај тоа што стигна до топ-8 фазата во Евролигата, го освои и Купот на Франција, исто така првпат во историјата. Печатот на оваа победа за парижани го стави неверојатниот Шортс, кој го заврши натпреварот со 27 поени, од кои 11 постигна во последната, клучна четвртина.

Инаку, Монако ја одигра целата финална серија и дел од полуфиналето без Мајк Џејмс, кој беше суспендиран од тренерот Василис Спанулис поради инцидент во ресторан.

ИЗДВОЕНИ