Шокантни информации за пожарот во Швајцарија: Додека луѓето гореле, сопственичката бегала со касата?

96
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Се појавија шокантни нови информации за трагичниот пожар во швајцарското одморалиште Кранс-Монтана, каде што 40 лица, претежно млади луѓе, ги загубија животите во клубот „Ле Констелашн“ на новогодишната ноќ. Според извештајот во весникот „Repubblica“, безбедносните камери наводно ја фатиле сопственичката Џесика Морети како го напушта запалениот клуб носејќи ја со себе касата од клубот.

Сведоци тврдат дека сопственичката избегала со касата додека пламените јазици ги зафатиле гостите. Полицијата сега ги прегледува сите снимки од клубот, вклучително и од безбедносните камери што го покриваат влезот во барот.

Според досегашните информации, Морети била во клубот со својот син од првиот брак, кој бил и раководител на персоналот, во времето на пожарот. Таа се здобила со изгореници на раката, додека нејзиниот сопруг и ко-сопственик на клубот, Жак, во тоа време бил на друго место.

Снимките од уличните камери наводно покажуваат драматичен контраст во однесувањето на мајката и синот: додека младиот човек се обидувал да ги скрши панелите од плексиглас за да ги ослободи заробените гости, Морети, според снимките, избегала на улицата со касата во рацете. Доколку се потврди дека снимката е автентична, тоа значително би ја влошило нејзината правна положба.

Сопствениците на барот се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди и палење, а сопственикот сега би можел да се соочи и со обвиненија за непружање помош. Обвинителката Беатрис Пилуд, исто така, разгледува можно зголемување на обвинението за умисла, со оглед на тоа што сопствениците биле свесни за големиот ризик за гостите – од лесно запаливи материјали, затворени излези до целосно отсуство на систем за противпожарна заштита.

ИЗДВОЕНИ