Кошаркарскиот клуб Барселона направи промена во својот тренерски персонал по тешкиот почеток на сезоната 2025/2026. Каталонскиoт гигант официјално потврди дека се разделува со тренерот Жоан Пењароа.

Последен натпревар што ја прелеа чашата беше поразот од Жирона во шпанската АЦБ-лига, во неделата, по што Барселона остана на две победи и четири порази во првите шест кола.

Според шпанскиот весник „Марка“, главен кандидат да ја преземе клупата е поранешниот тренер на Барселона, Чави Пасквал, кој моментално е невработен и долго време е желба на челниците на клубот. Пењароа, кој има 56 години, ја презеде Барселона пред почетокот на минатата сезона и потпиша двегодишен договор со неа.

ИЗДВОЕНИ