Шокантен случај во Црна Гора: Ја затекнал сопругата со љубовникот, а таа го пријавила затоа што ја навредил!

199

Центарот за права на мажите од Подгорица е една од ретките невладини организации во регионот што се занимава токму со она што го кажува името на институцијата – правата на мажите. На нивна адреса се обраќаат многу луѓе на кои, пред сè, им е одземено правото да ги видат своите деца по разводот, но и оние кои се соочуваат со лажни пријави.

Еден од мажите го сподели и своето искуство, незадоволен од работата на надлежното обвинителство.

– Пред неколку дена добив известување дека против мене е поднесено обвинение за семејно насилство затоа што ја затекнав сопругата со нејзиниот љубовник додека детето беше во куќата. Немаше физички контакт, само вербални навреди. Таа се јави во полиција и бев приведен на 24 часа. Сега, по една година, против мене е поднесено обвинение и едвај ја чекам таа судска постапка – напишал еден граѓанин во претставката до Центарот.

Тој додава дека не бил сослушан пред да биде поднесено обвинението.

– Прво добив известување за обвинението, иако пред тоа немав сослушување кај обвинителот. По два дена, пристигна поканата за сослушувањето. Некој очигледно направил грешка во постапката, но јас секако едвај го чекам тој процес – додаде тој.

Основачот на Центарот, адвокатот Бојан Вујовиќ, вели дека има многу вакви случаи и дека надлежните институции во Црна Гора често ги игнорираат правата на мажите. Од постоењето на организацијата, неколку стотици мажи ги контактирале чии права биле загрозени на некаков начин.

– Постојано нè контактираат, а тоа се претежно тешки семејни и животни приказни. Голем број мажи исто така трпат насилство од своите партнерки, но честопати не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи тоа е сè уште табу тема, особено во патријархалната Црна Гора. Тие се подложни на депресија, а потоа и на самоубиство. Од вкупниот број самоубиства, 80 проценти се извршени од мажи и никој не зборува за тоа. Црна Гора е на врвот на оваа негативна статистика – вели адвокатот Вујовиќ за РИНА.

Вујовиќ нагласува дека двете главни форми на дискриминација со кои се соочуваат мажите во Црна Гора се нееднаквиот третман кога станува збор за семејно насилство, како и остварувањето на родителските права. Никогаш немало повеќе разводи во Црна Гора, а старателството, како што истакнува тој, им се доделува на мајките во 99 проценти од случаите.

Адвокатот од Подгорица не негира дека насилството врз жените постои и ги охрабрува сите жртви да го пријават. Како адвокат, тој со ист жар ги брани и жените жртви на насилство и мажите. Како што вели, практиката покажала дека, за жал, има и многу лажни пријави од страна на поединечни жени, кои сакаат на овој начин да им се одмаздат на своите поранешни партнери, пренесува РИНА.

ИЗДВОЕНИ