Кошаркарот на Голден стејт, Џими Батлер, ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на натпреварот против Мајами. Тој се повреди откако ја фати топката во својот рекет, кога падна по судирот со Девин Мичел од Мајами.
Се фати за коленото, правејќи болни гримаси, и лежеше на подот неколку минути пред соиграчите Гари Пејтон и Бади Хилд да го однесат во соблекувалната.
Батлер е втор најдобар стрелец на Голден стејт, зад Стеф Кари, бидејќи оваа сезона имаше просек од 20,1 поен, 5,6 скока и 4,9 асистенции.
Батлер ќе биде надвор од теренот во наредниот период, а можно е воопшто да не се врати во текот на оваа сезона, барем според тежината на повредата.











