Шок во Овалната соба, Трамп го пречека претседателот на Јужна Африка, а потоа нареди да се изгаснат светлата/ВИДЕО

2987
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза за време на нивната билатерална средба во Овалната соба, кога ги затемни светлата и пушти видео за кое тврди дека докажува „геноцид врз белците“ во Јужна Африка.

– Имаме илјадници приказни кои зборуваат за тоа. Имаме документарни филмови, написи во весници – рече Трамп и потоа им се обрати на своите соработници: „Можам да ви покажам неколку работи“.

„Исклучете ги светлата и пуштете го ова“, додаде тој, пренесе Си-Ен-Ен.

Видеото трае речиси пет минути, а подоцна беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа Х, со опис: „Доказ за прогон во Јужна Африка“.

Рамафоса на почетокот се насмеа, но набрзо изгледаше видно непријатно додека ја гледаше снимката.

Во еден момент тој праша: „Дали ви кажаа каде е снимено?

Трамп одговори негативно.

„Би сакал да знам каде е, бидејќи никогаш не сум го видел ова“, рече Рамафоса.

„Тоа е во Јужна Африка“, одговори Трамп.

На прашањето на еден новинар што очекува Рамафоса да направи во врска со снимката, Трамп одговори: „Не знам“.

Потоа зеде куп написи во весници за кои рече дека ги поддржуваат неговите тврдења за „бел геноцид“ и почна да ги прелистува.

За време на состанокот, Рамафоса го оспори тврдењето на Трамп дека белците во Јужна Африка трпат „геноцид“.

Трамп и неколку членови на неговата администрација, вклучително и советникот роден во Јужна Африка, Илон Маск, постојано ги обвинуваа јужноафриканските власти за прогон на белото малцинство. Јужна Африка остро ги отфрли овие наводи.

ИЗДВОЕНИ