EPA/ALEX PLAVEVSKI

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласира во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Шангај со победа над Хауме Мунар, но по голема борба и болка, тој не се чувствува добро.

Ѓоковиќ со оваа победа стана најстариот играч кој стигнал до четвртфиналето на Мастерсот (38 години и четири месеци), но мораше многу да издржи. Тој претрпе големи болки во натпреварот со Мунар. Го повреди зглобот, играше со помош на апчиња за болка, но беше посилен од сè и успеа да победи со 2:1 во сетови.

Сепак, по натпреварот со Ноле, не се чувствуваше добро. Не се појави пред медиумите.

EPA/ALEX PLAVEVSKI

„Новак Ѓоковиќ не се чувствува добро и нема да биде присутен на прес-конференцијата. Лекарите препорачаа одмор и закрепнување пред следниот натпревар. Тој исто така сака да биде подготвен за следниот меч“, објавија кинеските медиуми.

Наскоро проговори и Новак. Тој призна дека натпреварот со Мунар бил сериозен предизвик за него.
„Тежок ден на работа. Физички многу предизвикувачки. За среќа, имам најдобра поддршка на светот“, објави Новак по натпреварот.

Следниот ривал на српскиот тенисер е Зизу Бергс од Белгија, утре од 12.30 часот по македонско време, но под знај прашалник е дали Ноле воопшто ќе може да се појави на теренот.

EPA/ALEX PLAVEVSKI

Неговиот зглоб предизвика сериозни проблеми во натпреварот со Мунар. Во еден момент изгледаше дека повеќе не може, но собра сила и постигна величествена победа во третиот сет.

EPA/ALEX PLAVEVSKI

Сепак, беше очигледно дека Ѓоковиќ имаше проблеми со движењето. Проблемот е и неговата возраст (38), па неговото тело е многу поранливо од претходно.
Дури и времето во Шангај не е наклонето кон српскиот тенисер. Екстремно е жешко, тенисерите се искапени во пот, а има и доста кои повраќаа за време на натпреварите.

ИЗДВОЕНИ