EPA/PETER KNEFFEL / POOL

Швајцарската женска репрезентација во хокеј на мраз, која учествува на Олимписките игри во Милано и Кортина, е ставена во итна изолација откако една од нејзините играчки е позитивна на норовирус, соопшти Швајцарската федерација за хокеј на мраз (СХФ).

Поради оваа ситуација, тимот ја пропушти церемонијата на отворањето на Игрите.

– Во швајцарската женска репрезентација во хокеј е откриен случај на норовирус. Резултатот од тестот на спортистката дојде дури по победата над Чешка и непосредно пред церемонијата на отворање, според соопштението на федерацијата.

Заразената хокеарка е изолирана од остатокот од тимот откако се појавија првите симптоми. Таа не покажуваше знаци на болест до петок наутро. Како мерка на претпазливост и по консултација со медицински експерти, целиот тим беше ставен во карантин. Досега не се регистрирани други случаи на инфекција во тимот.

Швајцарија, која ја победи Чешка со 4:3 во првиот натпревар.

Швајцарија стана втората репрезентација на Олимпискиот турнир во женски хокеј што се справи со норовирус. Претходно, вирусот беше регистриран во селекцијата на Финска, што доведе до одложување на натпреварот против Канада.

ИЗДВОЕНИ