Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, изјави дека целта на „колективниот Запад“ е да ја подели Русија на десетици мали држави со цел да ја потчини на својата волја и да ја искористи во свои интереси.
„Денес, врз Русија и нашето општество се врши силен надворешен притисок. Против нас е започната моќна антируска пропагандна кампања. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности не престануваат, како и обидите за раздор во единството и братството на народите на нашата земја и државите од Заедницата на независни држави“, рече Шојгу, објави РИА Новости.
Тој нагласи дека противниците на Русија погрешно веруваат дека нејзината мултинационалност е слабост и дека „упорно се обидуваат да ја разединат земјата“ со цел да ја десуверенизираат Русија.












