Словачкиот стопер Милан Шкриниар и португалскиот десен бек Нелсон Семедо потпишаа за турскиот гигант Фенербахче, потврди спортскиот нивинар Фабрицио Романо.
Минатата сезона Шкриниар беше на позајмица во Фенер од ПСЖ, а сега ќе се пресели трајно во Турција. Тој ќе биде платен седум милиони евра, а со бонусите, бројката се искачува на 10 милиони евра.