Адвокатот Петре Шилегов кој го брани обвинетиот државен службеник од Економија, Шофкет Хазари, лично го запраша обвинителот Борче Јанев, зошто меѓу обвинетите нема актуели министри и директори, туку поранешни. Шилегов кажа нешто на што реагираше обвинителот, иако претходно му рече да не го сфаќа лично, а тоа е зошто обвинителството ако знаеле што се случува со дивата дискотека, не постапиле како независен орган.
-Зошто не се опфатени сите од Економија што учествувале во постапката за издавање на лиценци, многу едноставно не се вклопуваат во конструкцијата. И ако еве, го прифатиме ваквото толкување на каузалитетот, по закон за Јавно обвинителство вие сте независен орган, ако ни тврдите дека постоел јавашлук, тогаш што правевте вие 13 години во Кочани, ако ја прифатиме вашата теорија, тогаш обвинителот требаше да го слуша, а не да го чита обвиненеито, му се обрати Шилегов на обвинителот по што судијката мораше да ја смирува ситуацијата. Шилегов рече дека можело ОЈО да гони по други кривични дела како што е злоупотреба по службената должност, но што да правиме ние ако тие дела се застарени-рече поранешниот градоначалник кој го брани обвинетиот Хазари. Она што одбраната ќе докажува кај обвинетите од Економија е тоа што тие потпишале лиценци за работа на дискотеката „Пулс“ во минатото, а дозволата има важност од една година. Клучно за одбраната е што тие немале обврска физички да одат и да проверуваат дали кабарето ги исполнило условите, за кои пак во Барањето за лиценца сопственикот приложувал документи. Тоа било работа на пазарниот инспектор, вели одбраната на овие обвинети.
–Хазари требало да провери дали документацијата,според закон, била во барањето за лиценца за кабарето, тој бил должен да провери, кој прегледал, кој одобрил, кој изработил и кога добивате комплетен предметот вие сте должни да го проследите натаму во постапка. Нејасно е како Хазари предизвикал пожар или придонел да се случи, видовме како настанал пожарот, дел од тие лица се починати. Неможе потпис да е предизвикувач на пожар. Другото дело кое му се става на товар е соизвршителство, одбраната ќе покаже дека ова е глупост од обвиненеи бидејќи нема докази дека Харази однел, внел, запалил материјали за да биде соизвршител. Како тој помогнал некој да ја запали дискотеката, кажа адвокатот Шилегов.
По него воведен збор имаше адвокатот на поранешниот службеник во Економија, обвинетиот Зоран Николовски. Еленко Миланов запраша како е можно за неговата колешка Лилјана Илиевска со која заедно го контролирале барањето за лиценца на Пулс да е запрена истрагата, а Николовски да е обвинет .
-За неа нема каузалитет, нема умисла, но за Николовски има. За исто постапување во исто време едно лице добива запрена постапка а Николовски добива обвинение. Според Уставот сите се еднакви пред законот, каква е оваа еднаквост, со овие спротивни одлуки на ОЈО, праша Миланов
Обвинетиот Николовски објасни дека службениците кои ставаат потпис на лиценцата не излегуваат на терен, така пропишал законот.
-Ова барање за лиценца за угостителска дејност ( покажувајќи го во судницата ) е сеуште важечко, ден денеска сеуште се издаваат лиценца од канцеларија единственото што е сменето е контролата. Никогаш во животот не сум излегол ниту знам каде е Пулс или друг објект, бидејќи не ни било обврска по закон да вршиме проверка на условите во кои работи објектот. Така сум постапил првиот пат кога ја одбивме лиценцата на Пулс така и вториот кога се доставени потребните документи, кажа Николовски од секторот за туризам при министерството за економија.
Со истите аргументи во постапката ќе се бранат и обвинетите Беким Хаџиу и Арлинда Касапи. (П.А)












