Шилегов ја почна, Арсовска за цел мандат не ја заврши клучката кај Момин Поток

239

Колони возила и нервозни возачи секојдневно мака мачат да го поминат делот од градот каде што се гради клучката на местото на раскрсницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ (патот кон Визбегово). Се жалат дека не можат навреме да стигнат до саканата дестинација, бидејќи автомобилите буквално лазат. Тие реагираат дека со години се реализира овој проект. Освен тоа, магла од прав се крева кога се поминува оттука, а тоа претставува дополнителен проблем за граѓаните. Иако при започнувањето на проектот во 2021 година беше нагласено дека ќе биде завршен за 2, најмногу за 2,5, оттогаш поминаа речиси четири години

Од Град Скопје велат дека во моментот се гради сложената клучка на местото на раскрсницата меѓу булеварите  „8  Септември“ и „Никола Карев“ (патот кон Визбегово), која како што нагласуваат е во напредна фаза од изведбата. Образложуваат дека изградбата на оваа клучка се одложува, бидејќи се одвива во отежнати околности поради големата фреквенција на сообраќај, а дополнителен проблем претставувале нерешените имотно-правни односи за кои се воделе судски постапки, а дел од нив биле и во фаза на легализација во Општина Карпош од пред 2021 година

 

 

Колони возила и нервозни возачи секојдневно мака мачат да го поминат делот од градот каде се гради клучката на местото на крстосницата помеѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ (патот кон Визбегово). Се жалат дека не можат навреме да стигнат до саканата дестинација, бидејќи автомобилите буквално лазат.  Тие реагираат дека со години се реализира овој огромен проект, кој според својата комплексност е еден од најсложените сообраќајни проекти во Град Скопје. Освен тоа, магла од прав се крева кога се поминува оттука, а тоа претставува дополнителен проблем за граѓаните.

Градот Скопје со изведбата на Клучката кај Момин Поток во општина Карпош започна во 2021 година, во времето кога прв човек на градот беше Петре Шилегов. Оттогаш поминаа речиси четири години, а проектот сè уште целосно не е завршен, иако при неговото започнување беше нагласено дека ќе биде завршен за две, а најмногу за две и пол години.

Со проектот се предвидува изградба на два кружни тека, кои значително треба да го намалат сообраќајниот метеж во овој дел од градот и сообраќајно да го решат ова „тесно грло“, а кои веќе се завршени. Едниот кружен тек е меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ и е завршен во 2023 година, а другиот кај булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, Обиколницата и косовската граница, кој исто така е готов, но не е пуштен во употреба.

Кружниот тек кај Момин Поток е со шест коловозни ленти, четири од нив се дигаат на девет метри, и влегуваат во ридот кај касарната „Илинден“, каде што е изведен вториот кружен тек, со што ќе се овозможи непречено движење на сообраќајот без застој и без семафори.

Од Град Скопје велат дека во моментот се гради сложената клучка на местото на крстосницата помеѓу булеварите  „8  Септември“ и „Никола Карев“ (патот кон Визбегово), која како што нагласуваат е во напредна фаза од изведбата. Образложуваат дека изградбата на оваа клучка се одолговлекува, бидејќи се одвива во отежнати околности поради големата фреквенција на сообраќај, а дополнителен проблем претставувале нерешените имотно-правни односи за кои се воделе судски постапки, а дел од нив биле и во фаза на легализација во Општина Карпош од пред 2021 година.

– Во моментов се работи на изградба на главниот натпатник на клучката, паралелно со изградба на вториот дел од мостот на реката Серава на булеварот „8 Септември“, во насока од клучката кон веќе изградениот кружен тек – известуваат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека вториот кружен тек кој е целосно завршен и се наоѓа над самата клучка ќе биде пуштен во сообраќај по завршувањето на главниот натпатник.

Изградбата на кружниот тек и клучката чинат 18 милиони евра.

 (А.П.)  Фото: (П.С.)

 

 

ИЗДВОЕНИ