петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Шестнаесетгодишник повреден од огнено оружје на подрачјето на Бит Пазар

Шестнаесетгодишник повреден од огнено оружје на подрачјето на Бит Пазар

152

Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака, на подрачјето на Бит Пазар, во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, кога едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.

-Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ИЗДВОЕНИ