Голем пожар што во неделата го зафати трговскиот центар во срцето на Карачи, најголемиот град во Пакистан, усмрти шест лица, а делови од зградата беа во урнатини, објави Ројтерс.

Видео снимките покажаа пламен како излегува од зградата додека пожарникарите се бореа во текот на ноќта за да го локализираат пожарот во густо населениот деловен округ. Стотици луѓе се собраа околу зградата, вклучувајќи и трговци чии бизниси беа уништени во пожарот.

Пожарот избувна во саботата навечер, а службите за итни случаи добија повик во 22:38 часот по локално време дека продавниците на приземјето од трговскиот центар Гул Плаза горат.

  • Кога пристигнавме, пожарот од приземјето се прошири на горните катови и речиси целата зграда веќе беше зафатена од пламен, изјави за Ројтерс Хасанул Хасиб Кан, портпарол на Спасување 1122.

Хирургот д-р Сумаја Сајед рече дека шест тела се донесени во Граѓанската болница во Карачи, а 11 лица се повредени, додавајќи дека полицијата „активира протоколи за масовни катастрофи“.

Според извештаите на локалните медиуми, делови од зградата почнале да се уриваат, а спасувачите стравувале дека целата структура може да се сруши.

ИЗДВОЕНИ