Македонија ја продолжува борбата со огнената стихија. Пожарите не мируваат, а, според Центарот за управување со кризи, денеска до пладне биле регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни биле осум

 

Македонија ја продолжува борбата со огнената стихија. Пожарите не мируваат, а, според Центарот за управување со кризи, денеска до пладне биле регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни биле осум.

И натаму најпроблематичен е пожарот во НП „Јасен“, кој гори веќе шести ден и каде што гори мешна шума. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека огнот им се заканувал на објектите на „Јасен“, но, како што вели, со брза, енергична и решителна  акција со повеќе возила, бил запрен во нивна непосредна близина.

На територијата на Општина Струга има два активни пожара, од кои едниот е во местото Октишка Краста, каде што гори ниска вегетација, додека вториот е во местото викано Бегова  Шума во Малесија, каде што горат ниска вегетација и мешана шума. Има активни пожари и во: Општина Прилеп, во селото Дабница, каде што гори ниска вегетација; во Општина Македонски Брод, во селото Девиќ и во селото Грешница, каде што гори ниска вегетација; во Општина Чешиново- Облешево, во селото Теранци, каде што гори ниска вегетација; во Општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево и Јажинце, каде што горат пасишта и во Општина Сопиште, кај црквата „Света Петка“, каде што гори ниска вегетација. Биле изгаснати 11 пожари во општините Демир Хисар, Струга, Делчево, Куманово, Старо Нагоричане, Сарај, Арачиново, Желино, Тетово и Гостивар.

Се повикуваат граѓаните на зголемено внимание при престој во природа и на почитување на мерките за заштита од пожари.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ