недела, март 1, 2026
Дома СВЕТ Шести бран осветнички напади на Иран: Целите вклучуваат 27 американски локации во...

Шести бран осветнички напади на Иран: Целите вклучуваат 27 американски локации во регионот

240
Фото:принтскрин

Во услови на тековната размена на ракетни напади на Блискиот Исток, Иран објави дека целел 27 американски воени локации во регионот. Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека целите вклучуваат израелска воздухопловна база Тел Ноф, воен штаб и голем комплекс од одбранбена индустрија во Тел Авив.

Според IRGC, ова е шестиот „бран“ одмазднички напади со употреба на ракети и беспилотни летала, објавува „Скај њуз“.

Гардата соопшти дека ќе продолжи со своите воени активности, но овие тврдења не се независно потврдени.

„Вооружените сили на Исламската Република Иран нема да дозволат сирените за воздушен напад на окупираните територии и во американските бази да бидат замолчени. Ќе продолжиме со повторени и болни напади, што претставува нов и многу тежок чекор на одмазда“, се вели во соопштението објавено од државниот медиум IRIB, пренесе „Индекс“.

ИЗДВОЕНИ