среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Шест гранати од Првата светска војна пронајдени во гевгелиско

Шест гранати од Првата светска војна пронајдени во гевгелиско

45

Шест гранати со калибар од 75 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во гевгелиско, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пријавата дошла од физичко лице а експлозивните направи биле пронајдени на трасата каде што се изведуваат работи за изградба на гасовод.

Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип.

– Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури, соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен.

ИЗДВОЕНИ