Буџетот за субвенционирање на нови авиолинии за годинава е зголемен на 250 до 260 милион и денари, што резултираше со отворање на нови 16 авиолинии, кои донеоа голем број странски туристи. Премиерот Христијан Мицкоски најавува сличен буџет и за наредната година.

– Апсолутно сум задоволен. Имаме 16 нови дестинации. Буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, а истиот ќе биде и следната година. Впрочем, резултатите се гледаат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20 проценти зголемен број странски туристи во првите пет месеци од годината. И ова се субвенции на доаѓање, практично на тие летови, не на заминување, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот што следува –  нагласи Мицкоски.

Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија деновиве ги најави новите директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака на кои ќе сообраќа „Визер“, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот аеродром Скопје како регионален туристички центар.

– Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив пораст на сообраќајот – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

ИЗДВОЕНИ