Шекил О’Нил ги подгрева сомнежите дека драфтот бил наместен!/ВИДЕО

49

Во последно време кружат теории на заговор дека НБА драфтот во 2025 година бил наместен, а сега еден од најдобрите центри на сите времиња, Шекил О’Нил, отворено проговори за оваа тема.

Во најсилната кошаркарска лига на светот играше во далечната 1992 година кога Орландо го избра за прв пик и таму остана четири сезони, по што следеше трејд во Лејкерси и доминација со Коби Брајант.

„Сите зборуваат за тоа како е наместен драфтот во НБА“, го започна разговорот О’Нил со Ешли Њуел.

Познатиот Шек се присети на својот драфт.

„Не знам дали сте ја слушнале оваа приказна, но во 1992 година драфтот беше мислам во јуни. Се сретнав со Дејвид Стерн во март (тогашен комесар на НБА лигата). Ме одвлече на страна и ме праши дали сакам да играм таму каде што е топло или ладно“, рече Шек.

“Да, да, тој ме праша тоа. Реков дека сакам да одам таму каде што е топло. Двајцата се смеевме, а потоа неколку дена подоцна се одржа драфт лотаријата, Минесота беше трета, Шарлот втора, а Орландо на прво место. Во тоа време не размислував многу за тоа, но има многу од овие теории на заговор кои можат да бидат вистинити”.

Шек потоа ги спомна Лука Дончиќ и Купер Флег.

„Во ред, Далас се откажа од еден од најдобрите играчи во светот и доби нов. Не сакам да бидам теоретичар на заговори, но доста е интересно како сето тоа се одвиваше“, заклучил Шекил О’Нил.

ИЗДВОЕНИ