Шекил О’Нил ги негираше гласините дека се забавува со ѕвездата на „OnlyFans“, Софи Рејн, откако нивна заедничка фотографија во Лас Вегас стана вирална. Поранешниот кошаркар, исто така, даде остар одговор на еден инфлуенсер кој се пошегува за нивната наводна романса, објавува „Дејли меил“.
Сè започна минатата недела кога 21-годишната Рејн објави фотографија на социјалните мрежи на која седи во скутот на 53-годишната кошаркарска легенда. Видеото е направено за време на нејзината роденденска забава во Лас Вегас и брзо стана вирално. Корисниците на интернет веднаш почнаа да шпекулираат за можна романса помеѓу креаторката на содржини за возрасни и Шек, и покрај разликата во годините (32 години).
Гласините беа дополнително поттикнати од инфлуенсерот Ноа Глен Картер, кој коментираше во видео споделено со своите 312.000 следбеници дека приказната за романсата остава малку непријатно чувство, особено кога тој е 53-годишник кој се појавува на нејзиниот 21-ви роденден.
Шек не чекаше долго за да одговори и силно ги негираше обвинувањата.
- Не излегувам со толку млади, но ќе излезам со твојата мајка и ќе ти подарам брат, му порача тој на Картер.
Потоа ја разјасни ситуацијата.
- Бев диџеј во клубот „Енкор Бич“, таа дојде на мојата забава, идиоту, престани да се обидуваш да шириш гласини, не дозволувај да те плеснам, човече, додаде Шек.
Потоа Картер се повлекол и му се извинил на великанот на НБА во ново видео.
- Шек, навистина не сакам да ме плеснаш затоа што тоа би ме уништило. Се извинувам, Шек. Не сакам таков хаос, возврати инфлуенсерот, кој подоцна објави видео од неговата мајка како се смее на коментарот на Шек.