„Шејн“ пријавен кај регулаторните органи во Франција за продажба на секс кукли слични на деца

424

Француската агенција за борба против измами (DGCCRF) соопшти дека го пријавила кинескиот гигант за е-трговија „Шеин“ за продажба на „секс кукли слични на деца“ на својата веб-страница.

Како одговор, „Шеин“ рече дека куклите за кои станува збор, се отстранети од нејзината платформа, објави „Франс 24“.

DGCCRF во соопштението изјави дека „описот и категоризацијата на производите на веб-страницата на Шејн потврдуваат без сомнение дека станува збор за детска порнографија“.

Дневниот весник „Паризиен“ објави фотографија од една од куклите што се продаваат на платформата со сексуално експлицитен придружен текст.

Куклите на фотографиите се високи околу 80 сантиметри и држат мече.

„Замислете дете кое случајно кликнува и наидува на овие производи додека ја пребарува страницата барајќи кукла“, коментираше функционерката на DGCCRF, Алис Вилкот-Дитарте.

ИЗДВОЕНИ