Кошаркарот од Оклахома, Шеј Гилџус-Александер, не го криеше своето воодушевување кога беше прогласен за најкорисен играч на финалето на НБА, во кое неговиот тим стигна до првата титула во својата историја. На решавачкиот седми натпревар, тој постигна 29 поени, заедно со 12 асистенции, водејќи го својот тим до триумф.

  • Се чувствувам неверојатно, толку многу тежина ми се симна од рамената, се ослободив од толку многу стрес. Горд сум на оваа група играчи – истакна Шеј.

Тој потоа ги пофали сите во организацијата на Тандер, кои си ја работат работата надвор од теренот.

  • Тие одлично ја завршија работата и создадоа победничка култура. Тоа не се гледа често, но ни дадоа платформа да станеме тоа што сме. Тоа не е случајно – заврши Александер.

 

ИЗДВОЕНИ