Најдобриот кошаркар во регуларниот дел од НБА-лигата за оваа сезона, Шеј Гилџес-Александер, имаше историски лош настап на шестиот натпревар од финалната серија против Индијана. Тандерс беше поразен со 108:91, па првпат од 2016 година ќе гледаме седми натпревар во финалето на НБА.

Шеј постигна 21 поен (7/15 од поле, 7/8 од линијата за слободни фрлања) со четири скока и две асистенции. Тој беше, барем што се однесува до постигнувањето кошови, најдобар играч во својот тим, но имаше и неверојатни осум загубени топки.

  • Мислам дека бевме ужасни. Мора да ги научиме лекциите, бидејќи имаме уште еден натпревар на кој сè е во прашање, а и тие исто така. Подобриот тим ќе победи в недела. Некои од тие потези, според мене, беа едноставно резултат на невнимание, на недостиг на фокус и ангажман. Тие беа многу добри кога требаше да бидат. Ќе се обидеме да направиме сè што можеме за да се подготвиме за последниот натпревар од финалето. Ако победиме, ќе земеме сè. Ако загубиме, ништо не ќе ни остане. Кратко и слатко – заклучи Александер.

Седмиот натпревар ќе се игра в недела навечер, во два часот изутрина по наше време. Натпреварот се игра во Оклахома и без оглед на тоа кој тим ќе победи, тие ќе ја освојат својата прва шампионска титула во НБА-историјата.

ИЗДВОЕНИ