Канадскиот кошаркар Шеј Гилџес-Александар сосема заслужено ја доби наградата за најкорисен играч во НБА-лигата за оваа сезона. Најдобриот играч на Оклахома беше лидер на најуспешниот тим во текот на лигашката сезона, а моментално игра со својот тим во финалето на Западната конференција, против Минесота.
За Александар, првата МВП-награда во кариерата може да значи многу повеќе од самата награда, што е исклучително ценето. Поради комплицираните правила што важат во американските спортови, Канаѓанецот дури сега добива можност да потпише огромен договор со Оклахома и да стане еден од најплатените играчи во НБА со 76 милиони долари од сезона.
- Шеј Гилџес-Александар ги исполни критериумите за супер договор. Минатата година не можеше да потпише таков договор, бидејќи немаше години на играње (две-три години мора да биде дел од НБА). Ова лето, меѓу сезоните, тој има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот со Оклахома сити за 293 милиони долари – истакна Боби Маркс.
Бидејќи ја освои наградата за најкорисен играч, сега има право да потпише петгодишно продолжување на договорот за 380 милиони долари, но ќе мора да почека до летото 2026 година.
Оваа сезона, тој заработи нешто помалку од 36 милиони долари или попрецизно 35.859.950 долари. Според неговиот важечки договор со Оклахома, треба да игра уште две години со овој тим, но за поголема плата. Се предвидува дека неговата плата во сезоната 2025/2026 ќе биде 38.333.050 долари, а во сезоната 2026/2027 дури 40.806.150 долари.
Секако, тие пари се неспоредливи со она што би го добил доколку потпише нов, петгодишен договор во летото 2026 година. Според пресметките на Боби Маркс, Гилџес-Александар во тој момент би можел да добие дури 380 милиони долари за следните пет сезони или 76.000.000 долари од сезона.