Шефот на руската дипломатија: Сите несогласувања со Америка околу Украина се решени

495
Фото: EPA

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека сите несогласувања во преговорите со Американците на тема Украина се успешно решени.

„Неодамна, кога специјалниот претставник на претседателот (САД Доналд) Трамп, Стивен Виткоф, беше тука, по средбата со (рускиот претседател) Владимир Путин, двете страни, руската и американската, ги потврдија меѓусебните договори постигнати во Алјаска… Суштината на овие договори е дека Украина мора да се врати на неврзаните, неутралните, ненуклеарните темели на својата државност“, нагласи Лавров, пренесува РИА Новости.

Москва достави дополнителни предлози до Вашингтон во врска со колективните безбедносни гаранции, пренесува агенцијата.

ИЗДВОЕНИ