Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, испрати порака до Владимир Путин откако руските беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.
„Прекинете ја војната во Украина. Престанете да ја ескалирате војната. Престанете да го нарушувате сојузничкиот воздушен простор и знајте дека сме подготвени“, порача Руте.
Во разговор со медиумите, тој рече дека инцидентот е продолжение на руската војна во Украина и ја предупреди Москва дека сојузниците се „решени да ја бранат секоја педа од територијата“.
На прашањето од новинарите дали верува дека упадот со беспилотни летала бил намерен, тој рече дека сè уште се прави проценка. Тој го пофали одговорот на Алијансата и им се заблагодари на сите вклучени сили, истакнувајќи дека Полска, Холандија, Италија и Германија учествувале во операцијата.