Директор на фармацевтска компанија денеска се онесвести во Белата куќа за време на објавата на Трамп на цените за лековите за слабеење, што предизвика интервенција на докторот Мехмет Оз.
Гордон Финдли, претставник на компанијата „Ново Нордиск“ се онесвести додека извршниот директор на компанијата „Ели Лили“, Дејвид Рикс, зборуваше на настанот во Овалната соба каде што Трамп и произведувачте на лекови најавија договор за проширувањето на покриеноста и намалувањето на цените на лековите за гојазност „Зепбаунд“ и „Вегови“.
Д-р Оз, лекар кој има функција на администратор на Центарот за услуги „Медикер“ и „Медикејд“ во администрацијата на „Трамп“, веднаш реагираше да му помогне на Финдли и на другите во просторијата.
Министерот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди помладиот, исто така беше присутен, но брзо го напушти местото на настанот.
Новинарите беа изнесени од просторијата, а емитувањето беше прекинато по инцидентот.
Причината за несвестицата и состојбата на Финдли не беа веднаш објавени.












