вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Шарл Мишел остро му одговори на Руте: „Трамп не е мој ‘тато’“!

Шарл Мишел остро му одговори на Руте: „Трамп не е мој ‘тато’“!

99
EPA/OLIVIER HOSLET

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, реагираше на изјавите на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека Европа не може ефикасно да се одбрани без поддршка од САД.

Руте претходно изјави дека Европа може да продолжи да сонува за независна одбрана, но дека без американска помош не е способна да одговори на сериозни безбедносни закани.

Таквата порака предизвика бурна реакција од Мишел.

„Драг Марк Руте, грешите. Европа има капацитет да се одбрани. Доналд Трамп не е моја ‘тато’. Иднината на Европа бара визија, храброст и вистинско лидерство, а не оставка, покорност и фатализам“, порача Мишел.

Руте дополнително нагласи дека без САД, Европа ќе изгуби клучен гарант за безбедноста, првенствено американскиот нуклеарен чадор, додавајќи дека независен пат би бил многу ризичен.

„Ако навистина сакате да одите сами, со среќа“, рече Руте.

Ставот на Мишел го поддржа францускиот министер за европски прашања Жан Ноел Баро, кој исто така реагираше на социјалната мрежа X.

„Не, драг Марк Руте. Европејците можат и мора да ја преземат одговорноста за сопствената безбедност. Дури и Соединетите Американски Држави се согласуваат со ова. Тоа е суштината на европскиот столб во рамките на НАТО“, напиша Баро.

ИЗДВОЕНИ