Откако заврши шести во квалификациите за Големата награда на Велика Британија, Шарл Леклер имаше „радиоексплозија“, што предизвика големо внимание. Пцостите што ги изговори не беа емитувани, но брзо стигнаа до јавноста благодарение на извори оттаму и на присутните медиуми.

  • Толку сум лош! Едноставно, лош сум! – рече Леклер во порака по разочарувачкиот круг.

Еден ден подоцна, тој имаше хаотична трка на која се обиде да ризикува со префрлање на суви гуми уште во текот на загревачкиот круг, но одлуката се покажа како фатална. На крајот, заврши 14., без поени и со уште повеќе прашања за формата на Ферари.

По трката, замолен да го коментира својот испад, Леклер рече дека не е горд за она што го изговорил.

  • Имав вакви моменти на радио и верувам дека е многу забавно однадвор. Но, кај мене, фрустрациите достигнуваат врв, а кога сум страстен и сакам да успеам, се каам за она што си го велам – порача Леклер.

Тој додаде дека не го извлекол максимумот од она што му го понудило Ферари тој ден на патеката.

  • Не го искористив целиот потенцијал на болидот во трката – вели Моначанецот.

Леклер и претходно беше познат по тоа што беше емотивен на радиоврските, но овој пат, се чини, самокритиката беше пожестока од вообичаено.

ИЗДВОЕНИ