Уште една очајна сезона за Ферари во Формула 1. Двајцата возачи се далеку од конкуренцијата веќе со години, а речиси секој викенд може да се види разочарување на нивното лице.
Шарл Леклер веќе се плаши од зимата, за која вели дека може да биде многу депресивна.
- Навистина се радувам за Абу Даби и се обидувам да ја завршам сезоната позитивно, да си дадеме малку среќа пред празниците бидејќи би било доста депресивно да влеземе во празничниот период по двата викенда што ги имавме. Тоа би било многу лошо, па се надевам дека ќе имаме подобар викенд, порача Леклер.
Така, Леклер, на начин на брутална искреност, испрати јасна порака: Ферари мора да почне да работи подобро бидејќи зимата воопшто нема да биде лесна.











