Членството е потврдено на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, која се одржа во Подгорица. Претставниците на НП „Шар Планина“ нагласуваат  дека членството претставува значајно признание и поттик за понатамошен развој на заштитеното подрачје.

Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и за лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја изјави Милорад Андријески од управата на паркот

 

Националниот парк „Шар Планина“ и официјално стана полноправна членка на Мрежата – Паркови на Динаридите, платформа што обединува 105 заштитени планински региони од осум држави.

Членството е потврдено на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, која се одржа во Подгорица.

Претставниците на НП „Шар Планина“ потенцираат дека членството претставува значајно признание и поттик за понатамошен развој на заштитеното подрачје.

– Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и за лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја – изјави Милорад Андријески од управата на паркот.

На конференцијата, на која присуствувале повеќе од 110 учесници од земјите од Динарскиот лак, како и од Италија, Белгија, Франција, Шпанија и Чешка, беше прифатено и зачленувањето на Паркот на природа Драгишница и Комарница од Црна Гора.

Управувачите на заштитените зони ја нагласиле потребата од посилен регионален пристап во обновата на природата, подобрување на управувањето со мрежата – Натура 2000, редовно оценување на ефикасноста на заштитата и интензивна меѓусебна соработка.

Во рамки на тридневната програма биле одржани четири панел-сесии, две работилници, како и седници на Управниот одбор и на Собранието на Мрежата – Парковите на Динаридите.

 

ИЗДВОЕНИ