Минатата недела, парламентарците со мнозинство гласови го укинаа членот 62-а во Законот за градење, со кој се предвидуваше општината за секое одобрение за градење да ги извести сопствениците на соседните парцели, кои во рок од 15 дена можеа да извршат увид во градежниот проект и евентуално да поднесат жалба.

– Ова е градење без коментирање. Олигархијата ги затвора „дупките“ во законите и истовремено ги затвора устите на граѓаните. Сега, кога ќе никнува градба во вашето соседство која, можеби, го узурпира вашиот имот, имате право само да молчите! – децидни се од „Шанса за Центар“

Минатата недела, парламентарците со мнозинство гласови го укинаа членот 62-а во Законот за градење, со кој се предвидуваше општината за секое одобрение за градење да ги извести сопствениците на соседните парцели, кои во рок од 15 дена можеа да извршат увид во градежниот проект и евентуално да поднесат жалба.

Во реакцијата на „Шанса за Центар“ се вели дека со тој член се овозможуваше реакција и жалба ако непосредниот сосед смета дека му се обезвреднува имотот или ако му се нарушува квалитетот на живот, познато како „соседско право“. Сега, велат оттаму, соседите на парцелата на која ќе се гради ја губат можноста за жалба и поплака.

– Ова е градење без коментирање. Олигархијата ги затвора „дупките“ во законите и истовремено ги затвора устите на граѓаните. Сега, кога ќе никнува градба во вашето соседство која, можеби, го узурпира вашиот имот, имате право само да молчите! – децидни се од „Шанса за Центар“.

„Соседското право“ беше уредено во членот 62-а од Законот за градење и гласеше:

(1) Надлежниот орган што го донел одобрението за градење е должен во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, за издаденото одобрение за градење и дека во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.

(2) Доколку непосредните соседи не извршат увид и/или не поднесат жалба против одобрението за градење во рок од 15 дена од денот на издавањето на одобрението за градење, одобрението за градење станува правосилно.

Од Министерството за транспорт и врски, како предлагач на измените на Законот, сметаат дека биле направени измените по барање на претставници на ЗЕЛС. Градоначалници и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ велат дека измената е добра, бидејќи биле затрупани со неосновани жалби поради инает, нарушени меѓусоседски и семејни односи, кои го кочеле градењето. Сметаат дека правото на приговор и жалба при јавна анкета на детален урбанистички план е доволно за исполнување на т.н. соседско право.

 

 

ИЗДВОЕНИ