Екипата на Ферари отсекогаш привлекувала најмногу внимание во однос на останатите тимови во Формула 1. Нивната историја, репутација и емоционална поврзаност со фановите значат дека секој потег од Маранело се анализира под микроскоп. Ова е особено изразено пред големите промени на правилата што нè очекуваат во 2026 година.

Скудерија сè уште се сеќава на сезоната 2023, кога тогашниот извршен директор зборуваше за „невидена брзина“, а SF-23 заврши гледајќи во грбот на Ред Бул.

Ваквите наративи се она што Ферари сега сака да го избегне по секоја цена. Фред Васер, кој инсистираше на смирување на атмосферата уште од неговото доаѓање, е задоволен што овој пат се работи во тишина во Маранело.

Зимската пауза е речиси е пред нас, а во тимовите интензивно се работи на болидите.

Само еден месец по завршувањето на минатата сезона, падокот повторно е полн со гласини и проценки. Засега, најголем дел од вниманието е насочено кон Мерцедес. Германскиот производител беше споменат како фаворит за новата ера на крајот од 2025 година, а дополнителен импулс донесе приказната за нивното решение со односот на компресијата.

Иако ФИА во моментов го смета за легално, многумина веќе го гледаат Мерцедес како референца за 2026 година. Ферари, сепак, воопшто не е заинтересиран за вакви приказни.

Васeр отворено вели дека не сака неговиот тим да биде во фокусот на титулата, туку во фокусот на развојот.

  • Следната сезона нема да биде правата слика. Клучно ќе биде кој може да се развие најбрзо, порача Васер.

Французинот е јасен дека сезоната нема да се одлучува во Мелбурн, без оглед на тоа дали Ферари ќе заврши прво или десетто место таму.

  • Кој и да е напред во Мелбурн, не мора нужно да го има најдобриот болид на крајот од сезоната, истакна Васер.

Во Маранело веруваат дека е подобро да се биде незабележан во февруари отколку да се погреши во март. Клучното прашање останува: дали темелите што сега се поставуваат во фабриката се доволно силни за Ферари конечно да изгради победнички проект?

Одговорот на тоа прашање нема да дојде во Австралија, туку многу подоцна во сезоната 2026, барем според зборовите на луѓето од Ферари.

 

ИЗДВОЕНИ