Шакира запеа со своите синови: Емотивното видео ги „сруши“ социјалните мрежи/ВИДЕО

32

Шакира сподели емотивна порака на Инстаграм по спектаклот во Буенос Аирес, каде што за прв пат пееше на сцената со своите два сина. Заедно со фотографија од децата од концертот, пејачката нагласи дека овој момент е еден од најпосебните во нејзината кариера.

„Буенос Аирес, ти благодарам за овој момент што ќе трае засекогаш. Беше магично да пеам со моите деца и да ја гледам музиката што ја носат во себе како излегува од нив, додека гледавме цели семејства како пеат и се прегрнуваат“, напиша Шакира.

Публиката во Аргентина беше сведок на трогателна сцена за време на песната „Acróstico“, кога Милан и Саша ѝ се придружија на сцената, што предизвика воодушевување кај повеќе од 50.000 присутни обожаватели.

Оваа објава на пејачката, која со години е една од најголемите латино ѕвезди, брзо предизвика лавина од емоции на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека сликите од концертот особено ги трогнале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

ИЗДВОЕНИ