Со песната „Шах-мат“, пејачката Мелани ѝ се враќа на публиката, а особено на своите обожаватели. Таа е, инаку, ќерка на фолк-ѕвездата Соња Тарчуловска.  Сега, откако тргна по чекорите на својата позната мајка, нејзината обврска е уште поголема.  Нели, сосема логично е да ја престигне и со песните и со популарноста? Судејќи по оваа нова песна, би можело да се случи тоа во текот на летото.

Песната ветува дека ќе биде слушана. Бидејќи Мелани храбро чекори по својот музички пат, со својата музика што има „вкус“ на поп, латино, трап и на аренби. Сето она што го бара најмладата публика денес. Мелани го подарува тоа, убаво спакувано со модерен звук и со нејзин интересен текст.  Песната ја продуцира и аранжира Андреј Ник (Андреј Николов), а видеото е снимено од тимот на „Солушн плус“ и Били Д. На сите нам ни останува само тоа да уживаме и да се разладуваме со овој летен хит.

(Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ