Шабан Салиу пред Суд: Баба Ванѓа не го предвидела пожарот, па камоли јас

Воведен збор на поранешниот директор на ДЗС, обвинението е политичка конструкција

233

Поранешниот директор на ДЗС, обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“ Шабан Салиу смета дека обвинението е политичка конструкција под притисок на јавноста. Не гледа одговорност за трагедијата во која животот го загубија 63 млади луѓе, бидејќи според него инспекција требало да прави Пазарниот инспекторат. Вели дека никоша додека бил на функцијата, од 2008 до 2017 година во ДЗС не пристигнала преставка од инспектори или граѓани поради загриженост за безбедноста во дискотеката во Кочани, напротив никој во Дирекцијата не знаел дека такво кабаре постои.

-Обвинет сум за евентуална умисла, сум бил свесен, замислете, со години дека ќе има пожар на 16 март, Бог да чува. Тоа не може ни Баба Ванѓа да го предвиди, а камоли јас. Барам судењето да биде фер, да не биде под притисок на политиката и медиумите, рече Салиу во својот вооведен збор.

-Сопствениците на угостителски објекти техничките услови што ги исполнуваат ги штиглираат во барањето и се потпишуваат, и ги носат до Пазарна кои ако се сомневале треало да излезат на терен, да проверат. Ако нема елаборат како ДЗС да биде виновна, за нас бил непостоечки објектот.  Ние не сме дективи за дивоградби и нелегални објекти, надлежноста е кај други, рече Салиу кој неколкупати во својот збор повтори дека обвиненеито е политчки конструирано. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ