Летната сезона полека завршува, влегувајќи во својата завршница бидејќи „есента е пред врата“, а Грците сè уште не се откажуваат од своите правила. Во кампот на плажата Каламици на Ситонија, Халкидики, отстранети се сите чадори и лежалки.
„Иако сезоната полека, но сигурно завршува, Грците работат како мравки. Вчера, три камиони во придружба на полицијата, околу 9 часот наутро, влегоа во кампот Каламици на Ситонија и вредно собраа чадори, лежалки и друга опрема за плажа што беше оставена на плажата преку ноќ“, напиша една Србинка на Фејсбук групата „Во живо од Грција“.
Оваа вест и видеото од плажата предизвикаа лавина од коментари. Многумина не го криеја своето негодување од оваа одлука.
„Камперите не се добиток, туку претежно многу добро воспитани и образовани луѓе кои ја сакаат природата и ја заштитуваат. Јас и моето семејство одмараме во овој камп веќе 10 години. Плажата главно ја користат гостите на кампот, па не разбирам зошто чадорите и лежалките беа отстранети“; „Дојдовме пред три дена и сè оставивме на плажа, како и сите други. Тоа е плажата на кампот, само луѓето што престојуваат таму доаѓаат тука и има доволно простор за сите. Никој никого не вознемирува“; „Не разбирате дека камперите не се сопственици на плажата, ниту ја изнајмиле“, коментираат други.