Со голема воена парада во Пјонгјанг, Северна Кореја го одбележа 80-годишниот јубилеј од основањето на Работничката партија. Илјадници војници маршираа низ престолнината прикажувајќи современо оружје, меѓу кое и новата интерконтинентална балистичка ракета „Хвасонг-20“, која државните медиуми ја опишаа како „најмоќниот нуклеарен систем на вооружување“ на земјата.
На трибината покрај лидерот Ким Џонг Ун присуствуваа кинескиот премиер Ли Ќианг, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и виетнамскиот лидер То Лам. „Пријателите се заедно, непријателите стануваат нервозни,“ порача Медведев на руската социјална мрежа „Макс“, пренесе „Дојче веле“.
На ноќната воена парада Северна Кореја ја претстави новата интерконтинентална балистичка ракета „Хвасонг-20“, означувајќи ја како најмоќен систем во својот нуклеарен арсенал Според прикажаното и објавеното, ракетата треба да има дострел до околу 15.000 км, со можност за носење повеќе нуклеарни боеви глави (MIRV).
Клучната иновација е мотор на цврсто гориво со потисок од околу 1.970 kN – што би било приближно 40% повеќе од Хвасонг-18 – и масивна платформа за транспорт-лансир со неверојатен распоред на тркала од 22×22, што укажува на тежината и димензиите на целиот систем.
Заедно со „Хвасонг-20“, беа прикажани и голем број нови средства: ударни и извидувачки беспилотни летала, тенкови, ракетни системи земја-воздух и земја-земја, како и нов двокалибарски повеќекратен фрлач чиј TEL е опремен со два заменливи пакети за фрлање.
Ogromna Hvasong-20 ili nova Hvasong-17. pic.twitter.com/KnlNg3HVsn
— Oruzje Online (@oruzjeonline) October 10, 2025
Технички пораки од пистата
Приказот на „Хвасонг-20“ го истакнува преминот на Пјонгјанг кон зголемената употреба на цврсто гориво во стратешките системи. За разлика од течното гориво, кое бара подолги подготовки и полнење гориво, цврстото гориво го скратува времето на реакција и го олеснува тајното распоредување.
Декларираниот дострел од околу 15.000 км, теоретски доволен за покривање на целиот континентален дел од САД во комбинација со евентуален пакет MIRV, носи јасна порака за сериозни намери за одвраќање.
Важно е да се напомене дека „Хвасонг-20“ сè уште не е јавно демонстриран во тестови за летање, или барем не е толку познато на Западот. Сепак, самата конфигурација (џиновски фрлач, погон на моторот, податоци за повеќе боеви глави) се вклопува во трендот на забрзан развој на семејството на интерконтинентални балистички ракети од страна на Северна Кореја. Во овој контекст, презентацијата без лет може да биде и дел од психо-политички комуникациски сигнал до противниците и поттик за внатрешна мобилизација.