Северна Кореја го критикуваше планот на Трамп за изградба на „Златната купола“

46

Северна Кореја денес оцени дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на противракетниот одбранбен систем „Златна купола“ е „многу опасна“ закана од вооружување.

Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг издаде меморандум со кој ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов американски систем за противракетна одбрана е многу опасна „заканувачка иницијатива“ насочена кон загрозување на стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје, објави KCNA.

Трамп минатата недела изјави дека архитектонскиот дизајн за системот за противракетна одбрана „Златна купола“ е избран за да ги заштити САД од надворешни закани, дека системот ќе биде готов до 2029 година и ќе чини 175 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ